Најпопуларната плажа во северниот дел на островот, во близина на гратчето Сидари е Каналот на љубовта (Canal d’Amour), а зад него се крие интересна легенда.
Оваа плажа е опкружена со карпи, па во морето се протегаат издолжени ‘ртови кои прават мал канал во облик на буквата „V“.
Плажата настанала поради корозивниот ефект на водата и ветровите, а природата секоја година продолжува одново и одново да ја обликува плажата, создавајќи нови тунели и пештери во карпите.
Според легендата, парот кој заедно ќе го преплива овој канал ќе трае засекогаш, а оние кои ќе допливаат до најоддалечениот врв наскоро ќе ја пронајдат љубовта на својот живот.
View this post on Instagram
За пливање низ овој канал е потребна голема храброст бидејќи водата е многу студена.
За оние кои не веруваат во легенди или не се премногу романтични, секако им се препорачува да го посетат Каналот на љубовта бидејќи е опкружен со карпи направени од лековита кал која е благотворна за кожата.