Љубов и Секс

Седум знаци дека сте во врска со социопат

Седум знаци дека сте во врска со социопат

Социопатот со својот шарм ќе се обиде да ве натера да правите што ќе посака. Иако „вистинските” социопати се ретки случаи – само 6% од машката и 2% од женската популација ги задоволуваат критериумите за дијагноза, сепак големи се шансите да завршите во врска со социопат.

Социопатија е колоквијален израз за антисоцијално пореметување на личноста (ASPD). Личностите кои страдаат од ова пореметување, се склони на анагонизирање и бесчувствително манипулирање на другите луѓе.

Ова се седум знаци кои ќе ви помогнат да препознаете дека сте во врска со социопат:

Ги лажат и манипулираат луѓето

Постојано ги лажат и искористуваат другите за да остварат сопствена финансиска или друга корист. Од мали лаги, до лаги како на пример каде биле кога не се јавиле на телефон или дека не се женети.

Импулсивни се

Не планираат однапред и често го менуваат мислењето на основа на нивното расположение или чувства.

Имаат проблеми со лутината и неконтролиран бес

Повеќето од нив имаат историја на учество во тепачки или други видови напади. Изразито се раздразливи и агресивни, а се сфаќаат лично. Ова во некој момент ќе ги однесе до психичко или физичко насилство.

Се изложуваат на ризик и не се грижат за сигурноста

Склони се кон непромисленост кон сопствената сигурност и сигурноста на другите. Ова може да подразбира било што, од надминување на дозволената брзина на возење до криминално однесување. Не дозволувајте со нивните потези да ја загрозат вашата сигурност.

Неодговорни се

Имаат проблеми со задржување на работното место и исполнувањето на финансиските обврски. Ќе ве наговорат во целост да почнете да ги издржувате, така што ќе им позајмувате пари, да им купувате храна и сè останато што им е потребно. Бидејќи знаат да бидат шармантни и убедителни, ќе ве убедат да се согласите на ова пред да сфатите што се случува.

Не ги почитуваат законите

Луѓето со антисоцијално пореметување на личноста не веруваат дека правилата или законите се однесуваат и на нив.

Немаат грижа на совест

Немаат способност да чувствуваат емпатија доколку повредиле, малтретирале или на било кој начин искористиле друга личност.

извор: Кајгана

To top