Доколку се подготвувате за прв состанок со потенцијален партнер, стручњаците за врски советуваат да ги избегнуавте овие две теми на разговор на првиот состанок – и кога поставувате прашања и кога раскажувате за себе.
Премногу детали за работата
Сосема е во ред да го прашате некого со што се занимава и што е по професија, но не мора на првиот состанок да навлегувате во многу детали. Прашањата за работното опкружување можат да имаат необичен контарефект. Замислете некој да ве нервира на работа, имате колега или колешка од кои во се темни, а сигурно не сакате да се присетувате на нив додека сте на состанок со новата симпатија. Ова целосно ќе ја уништи енергијата на разговорот. Држете се до општи прашања и одговори. Се разбира, сосема е непристојно да го прашате некого колку заработува.
Премногу навлегување во детали за претходните врски
Прашањата за бившите се една од најлошите работи кои може да ги направите на состанок. Дури и доколку имате некоја забавна приказна за нешто што ви се случило во претходната врска, оставете го тоа за некој нареден состанок. Премногу зборење за минатото или заплеткување во него, доведува до заклучок дека живеете во минатото и дека не сакате да излезете од него.
извор: кајгана