Луѓето во целиот свет имаат име и презиме. Она официјалното, но во многу земји, многумина повеќе и подобро ги знаат по прекарот отколку по вистинското име. Од славни и познати фудбалери како бразилските ѕвезди, преку познатите светски поп-рок музичари и пејачи, големите холивудски актери, па се’ до домашните јавни личнисто или обичните луѓе… наши роднини, пријатели, другари, соседи… Од семејството, од училиште, факултет, од работа, од маало…! Од Пеле, Иги Поп и Рамбо… по светот, па се’ до „Миле Паника“ и „Тошо Малерот“, кај нас на пример…
Во Македонија во секој град луѓето си имаат свои специфични прекари, но сепак град во кој се смета дека луѓето имаат најмногу, најчудни, најсмешни и најнеобични прекари, велат дека е Битола. Најмногу и најкреативни… Од нив повеќето – логички изведени. Еве некои од најнеобичните:
Го викале…
Раде – „Фебруар“, затоа што едната рака му била покуса.
Ѓоше – „Алфата“, затоа што често пати излегувало дека е расипан човек.
Трајче – „Мутето“, затоа што потекнувал од глувонемо семејство.
Саше – „Сантимо“ – оти бил висок 1,99 центиметри, односно еден „сантим“ му фалел до 2 метра.
Бубе – „Буше“, оти ги чепкал бушоните и снемало струја во цело училиште.
Филип – „Филџано“ – зашто немал едно уво и бил во главата ко филџан.
Цане – „Цунибаба“ – бидејќи сакал да се забавува со постари дами.
Петре – „ПИ“ – затоа што го фатила полиција да вози со 3,14 промили алкохол во крвта.
Раде – „Распусто“ – бидејќи бил роден на 10-ти јуни, кога училиштата се распуштаат.
Лазо – Лагата – оти имал куси нозе.
Ристе – Резило – пошол да си купва патики по влечки и по чорапи.
Славе – Свиоко – живеел на некоја кривина!
Никола – Неспремното – оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“.
Ќошо – оти Ивица се вика.
Кире – Купусо – оти љубел некоја дебела – ко каца.
Иле – Индексо – единствен во друштвотo со факултет.
Диме – Децималнио – зашто не бил баш „точен“ со умот.
Коле – Казанова – оти како нов казан бил во главата.
Џони Walker – Австралијанецот што го вртел „Широк Сокак“ по 20-30 пати во денот за да си најде жена.
Пеце – Поштенио – оти живеел до поштата.
Коце – Коцката – Оти многу бил по коцкањето.
Списокот на битолски прекари е бесконечно долг, ова беше само мал дел од нив…!