Живот и Стил

Производи кои мора да ги имате за вашето бебе

Производи кои мора да ги имате за вашето бебе

Пред да дојде бебето дома сите одиме во шопинг. Тоа ни дава чувство на грижа дури и кога најмалото уште не го поминало прагот на својот дом, каде ќе биде негувано и згрижено, каде ќе се радува и тажи, каде ќе живее.

Има многу работи и многу производи кои се важни за бебето ама неколку од нив се клучни. Некогаш листата е предолга и кога ќе влезете во продавница може и да заборавите некои работи ама затоа сакаме да ги споделиме работите кои никогаш не смеете да ги заборавите.

Памучни топчиња –  во првите неколку недели мало памучно топче потопено во обична вода е најнежниот начин да се исчисти бебешката кожа. Но, тоа не е единствената причина за да се има пакетче на стерилни памучни топчиња. Тие се одлични да ги избришете прекрасните бебешки очи без да му ја изиритирате кожата.

Бебешко масло – секој доктор ќе предложи бебешко масло за да се снајдете со кожичката која излегува на скалпот на бебето. Тоа е нормална ситуација и бебешкото масло е најдобар начин како да се справите со тоа. Ако го ставите бебешкото масло врз памучни топчиња е и супер како нежно да ја избришете нечистотијата од кожата на бебенцето. Сепак, многумина мислат дека треба бебешкото масло да го користат многу често, скоро секојпат, но тоа е грешка. Бебешкото масло е добро за бебето ама и бебето покриено во бебешко масло е и многу лизгаво бебе.

Бебешки влажни марамици –  после првите недели од користење на памучни топчиња бебето ќе порасне за бебешки влажни марамици. Секојпат барајте ги тие што се хипоалергенски, кои не се парфимирани и немаат алкохол во нив. Тие се одлични за чистење на рацете и за чистење на останатите незгодни ситуации кои секогаш доаѓаат со мало бебенце. За тие што се залагаат за заштита на животната средина и целат кон рециклирање можат да се најдат и влажни марамици од ткаенина, но истите не се многу одржливи и практични. Ако веќе сте во потрага во бебешки влажни марамици задолжително земете повеќе отколку што мислите дека се потребни.

Бебешки шампон – шампон кој не им прави солзи на дечињата е секогаш прв избор. Но, ова е клучно дека и кога ги бањате тие не секогаш ги држат очињата затворени целосно.

Масти за бебешка кожа – кога избирате масти за кожата на бебето на почетокот секогаш, ама секогаш, консултирајте се со педијатар на почетокот. Има многу голем избор и многу различни видови на масти и затоа е важно да ја изберете вистинската затоа што не знаете што може да ве очекува. После некое време ќе можете да испробате повеќе видови и брендови.

Бебешка грицкалка за нокти – ова е производ со кој не можете после неколку месеци. Првиот пат кога ќе земете обична грицкалка за нокти или ножички за да ги скратите ноктите на малото бебенце секогаш е страшно. Затоа пред време земете бебешки грицкалки за нокти за да го избегнете тој страв.

Бебешка кадичка – Новите бебенца се лизгави кога се мокри и никогаш нема да бидете целосно подготвени за таква ситуација. Тоа може да ги потресе и најсигурните родители и затоа треба да се инвестира во бебешка када која ќе ги следи контурите на бебето. Доколку сте несигурни за бебешката кадичка слободно позајмете од некој.

Пелени – Не постои позначаен производ од пелените кога е во прашање мало бебе. Ако сакате бебето да е чисто, вие да сте чисти и домот да е чист мора да се купат многу пелени. Најважно од сè е да се прочитаат предностите на пелените на самото пакување, но би сакале да ги предложиме и новите пелени кои неодамна излегоа на пазарот и кои нудат моќна нега за вашето бебе. Тие имаат одлична апсорпција и се многу меки дозволувајќи му на бебето да се чувствува пријатно.

To top