Има дисбаланс во врската, тој ја има моќта, а вие сте „поданик“. Ве контролира и љубоморен е. Од неговото однесување сте демотивирани да се грижите за себе.
Ниту една врска не е совршена и во секоја постојат мигови на кавги и нервоза, но некои врски едноставно се токсични, влијаат негативно на вас и вашето здравје и треба да им ставите крај под итно.
Знаци дека врската ви е токсична:
– Партнерот секогаш смета дека нешто не е во ред со вас и константно ве критикува.
– Ви ја руши самодовербата.
– Има дисбаланс во врската, тој ја има моќта, а вие сте „поданик“.
– Ве контролира и љубоморен е.
– Од неговото однесување сте демотивирани да се грижите за себе.
– Постојано чекате и се надевате на промена.
– Се чувствувате многу несигурно.
– Не ве слуша кога зборувате што ви пречи.
– Вашето семејство и пријатели се загрижени за вас.
– Немате доверба во неговите зборови.
– Често се чувствувате лошо кога сте со него.
– Чувствувате дека врската ви ја црпи енергијата.
– Вашиот партнер секогаш ви нуди „констриктивен критицизам“, иако не го барате тоа од него.
– Во негова близина не сте тоа што сте.
– Не го вади најдоброто од вас.
– Немате позитивни чувства за вашата заедничка иднина.
– Игра игри со вас.
– Ги заборава датумите кои ви се важни.
– Секогаш се натпреварува со вас и сака да ве засени.
– Чувствувате како вие да ја правите целата работа во врската.
– Секогаш се трудите да најдете изговор за неговото лошо однесување.
– Се чувствувате искористено.