Еден татко во Каталонија решил да ги повози децата во гепекот од изнајмен автомобил.
Многумина кои ја виделе оваа сцена останале во шок, и не само затоа што истата била многу опасна, туку и затоа што вратата од гепекот не била затворена во целост. Најлошо од се е што возилото било снимено во левата лента од автопатот, а тоа значи дека веројатно татко возел со полна брзина и работите лесно можеле во секој момент да тргнат на лошо.
Локалните медиуми пренесуваат дека францускиот турист возел кон Коста Брава, во крајбрежниот регион на Каталонија на североистокот на Шпанија.
Откако го запрела полицијата возачот добил казна во висина од 840 евра, за дури шест прекршоци: два за возење деца помлади од три години без соодветни детски седишта, еден за непримерно возење, еден за превоз на повеќе луѓе од што се предвидени и уште два за неносење појаси.