Не треба да изгледате како од корица на модно списание за да имате високо ниво на самодоверба во спалната. Физичкиот изглед и сексуалната самодоверба имаат допирни точки, но ни приближно не се препокриваат. Сигурно барем неколкупати сте се нашле во иста просторија со жена чие тело или лице никогаш нема да ги видите на некоја реклама, но која успешно ги краде машките погледи. Од друга страна, уште почести се жените кои изгледаат одлично, но не успеваат да станат магнет за машкото око.
Ако имате високо ниво на сексуална самодоверба, ќе се чувствувате привлечно и комфорно во својата кожа и со тој став вие секогаш ќе изгледате посекси во очите на другите. Ќе бидете порелаксирани, ќе се ослободите од комплексите и целосно ќе уживате во сексот. Нема да се двоумите дали да ги споделите своите желби и потреби со вашиот партнер и вистински ќе верувате дека заслужувате повеќе задоволство.
Веројатно веќе ви е јасно дека сексуалната самодоверба ќе ви помогне не само повеќе да уживате во сексот, туку и да го исполните и животот на вашиот партнер со повеќе задоволство. Па, еве ги и советите како да ја зголемите:
- Напишете еротска приказна. Фантазијата е многу моќна и единствено таа може да ве однесе на места каде што никогаш не би се осмелиле да стапнете. Искористете ја фантазијата за да создадете еротска приказна во која вие ќе бидете главниот лик. Кога еднаш ќе ја ослободите сексуалната божица што се крие во вас на лист хартија, ќе можете да го направите тоа и во реалноста.
- Поминувајте повеќе време голи. Кога сте сами дома, не се облекувајте во бањата веднаш по туширањето. Оставете ја облеката во својата соба и дотаму прошетајте се целосно голи. За да се чувствувате убаво додека сте голи, потребно е да го прифатите изгледот на вашето голо тело, а тоа никогаш нема да се случи ако постојано имате облека на себе. Веќе го практикувате голото шетање? Тогаш за промена, потанцувајте на омилената музика голи.
- Запознајте го своето тело пред огледалото. Многу жени се срамат од своето тело и го избегнуваат огледалото затоа што секогаш кога ќе се погледнат во него, пронаоѓаат уште едно нешто кое сакаат да го променат. Огледалото треба да ви послужи за да се запознаете со своето тело, а додека стоите пред него треба да се научите да ги каните само позитивните мисли. Земете и едно мало огледалце за да не ги пропуштите малите детали кои ве прават неповторливи. Ако не можете задоволно да се гледате во огледалото кога сте сами, никогаш нема да можете самоуверено да застанете голи пред партнерот. Научете да го цените и сакате секој дел од своето тело.
- Мастурбирајте. Најдобар начин да откриете што сакате е да го истражувате вашето тело преку допир. Не само што ќе ги откриете вашите желби, туку и ќе го навикнете телото да биде допирано. Запомнете, сексуалната самодоверба значи да сте убедени дека заслужувате големо задоволство.
- Пуштете секси музика. Сакате да се расположите за секс и да ја разгорите вашата страст? Едноставно пуштете секси музика за стриптиз и започнете бавно да ги движите колковите налево, па надесно. Музиката влијае на мозокот многу повеќе отколку што можеме да си замислиме. За кратко време ќе се почувствувате како секси заводничка која може да го освои секој што ќе посака.
- Носете секси долна облека, дури и кога е наменета само за вашите очи. Многу малку нешта можат толку брзо да ја зголемат сексуалната самодоверба на жените од единица до десетка, како што тоа го може секси комплет долна облека. Секогаш кога ќе почувствувате дека самодовербата ви паднала, облечете еден таков комплет, независно дали планирате да го покажете или не. Не постои маж кој може да ѝ одолее на својата партнерка кога таа носи нешто провокативно. Сепак, провокативната долна облека може да остане и ваша секси тајна. Ќе забележите дека погледот ќе ви стане попалав поради вашата тајна, а сексуалните мисли почесто ќе ви поминуваат низ главата.
- Разговарајте со пријателките за сексот, т.е. задоволете ја сексуалната љубопитност. Сексот не треба да биде табу тема. Преку отворените разговори со пријателките ќе разменувате искуства и повеќе ќе дознаете за сексот во реалниот живот. Ќе дознаете дека малите „незгоди“ кои мислевте дека ви се случуваат само вам, а кои ви ја намалуваа самодовербата, се всушност нормални и вообичаени. Многу жени сметаат дека сексот треба да трае со часови исто како на филмовите, па ако тоа не е така, започнуваат да размислуваат каде е проблемот. Истражувањата покажале дека сексот кој е најпосакуван и опишан како идеален трае 7-13 минути. Доколку немате толку отворен однос со пријателките, истражувајте повеќе на интернет за да ја задоволите сексуалната љубопитност. Одлично место за размена на информации и споделување на искуства на тема секс е и соодветната категорија во нашиот форум. Ако сè уште не сте успеале да ја разгледате, еве линк: Секс. Колку повеќе знаете, толку посамоуверени ќе бидете.
И се разбира на крајот треба да го споменеме и очигледното – негата на телото. Изговори секогаш постојат, но не си дозволувајте да ги користите за да ја избегнувате негата на