Повеќето родители знаат како да ја заштитат кожата на бебето во летниот период, но забораваат дека кремата за сончање има и штетни состојки.
Може да нанесете крема за сончање на бебешката кожа дури иако е многу мало. Американската педијатриска академија одобри за користење креми и за новороденчиња кои имаат помалку од 6 месеци. Намачкајте го бебето по лицето и телото 20 минути пред да излезете од дома.
Бидете внимателни доколку планирате цел ден да останете надвор. Постојано набљудувајте го бебето за да избегнете и најмали изгореници од сонце. Доколку забележите, вратете се во затворена просторија.
Секогаш барајте сенка. Допуштете му на бебето да се игра на отворено, но не дозволувајте директно да е изложено на сонце. На плажа задолжително понесете чадор за сонце, бебето облечете го во лесна облека и ставете му капче. Потрудете се да не бидете на сонце од 11 до 16 часот.
Проверете дали вашето бебе е алергично. Нанесете само мала количина крема за сончање за да видите дали ќе има реакција на неговата кожа.
Кремата којашто содржи SPF 50 е идеална заштита доколку се нанесува секои два часа кога сте на отворено. Доколку детето често влегува во вода, нанесувајте крема на секои 40 минути. Не заборавајте да им ги намачкате ушите, внатрешната страна на колената и дланките.
извор: Кајгана