Љубов и Секс

Пет рани знаци дека сте во врска која може да стане насилна

Пет рани знаци дека сте во врска која може да стане насилна

Зошто жените остануваат во врска со насилни мажи е едно од најчесто поставуваните прашања, а одговорите се бројни и многу комплексни.

Денес, наместо тоа прашање, поставуваме друго – како да препознаете дека вашата врска би можела да стане насилна? Еве кои се петте рани знаци:

Претерана потреба за контрола

Мажот кој постојано сака да знае каде сте, со кој сте и кога сте дошле дома, а покрај тоа ви забранува и одредени работи, не е заљубен – тој едноставно не може да поднесе да е без вас.

Континуирано омаловажување

Ова може да започне како симпатично задевање, но доколку со време се претвори во сериозно набројување на вашите недостатоци, имате работа со психички злоставувач кој може да се претвори и во физички.

Екстремна љубомора

Љубомората може да биде слатка и симпатична, но може да биде и прв знак на сериозен проблем. Доколку вашиот партнер е љубоморен на пријателите со кои се гледате, е посесивен и има изливи на бес поради облеката која ја носите, работите би можеле да станат насилни доколку не играте по неговите правила.

Навредување

Во кавгите, честопати знае да нѝ се испушти нешто со кое ќе го навредиме партнерот, но доколку постојано ве нарекува со погрдни имиња и ви упатува пцовки, прашање на време е кога вербалните навреди повеќе нема да бидат доволни.

Изолација

Класичен начин на кој злоставувачите ја “обработуваат” својата жртва – ќе ве увери дека вие сте проблемот во врската, дека сите околу вас се поинакви и дека треба да се засрамите поради вашето однесување. Еднаш кога ќе ве “скрши”, помали се шансите дека ќе соберете храброст да се обратите некому за помош.

извор:кармин.ком.мк

 

Поврзани теми

To top