Американскиот интернет магазин „The Huffington Post“ спровел истражување помеѓу партнерите кои долги години биле во брак. На прашањето колку е важен сексот во нивната долгогодишна врска, тие се изјасниле дека тој е многу битен, но на листата од еден до десет, сексот сепак го зазел шестото место.
Резултатите од истражувањето покажале дека најголем број на сопружници се изјасниле дека допирот е многу поважен аспект за среќата во бракот од сексот.
Допирањето на блиската личност ѝ дава до знаење дека сте свесни за нејзиното присуство и во иста мера ѝ ја покажува вашата љубов.
Прекумерното наметнување на сексот во медиумите, како услов за добар брак доведе до тоа, многу парови да почнат да мислат дека ако секој ден немаат „огномети“ во кревет, тогаш немаат успешен брак и дека имаат нарушени меѓусебни односи.
Студијата го покажала токму спротивното, а среќните парови изјавиле дека гушкањето, бакнувањето и милувањето го сакаат и практикуваат многу повеќе отколку само секс.
Постојат различни начини на допир и не постои вистински или најдобар. Важно е лицето што го сакате што почесто да го допирате на начин на кој сакате вие. Тоа се вистинските човечки односи што треба да ги водиме во секојдневниот живот за да се обезбеди мир и среќа.
Со други зборови, најуспешните бракови вклучуваат голем број на меѓусебно допирање, а сексот е само една од формите, се вели во пораката од студијата.
извор: курир.мк