За време на бакнежите, треба да бидеме опуштени, да, но има некои ситници кои мора да се имаат предвид
Бакнеж – еден од најважните моменти на почетокот на врската и еден од најубавите начини на изразување љубов, наклонетост, нежност… Ако се изведе со вистинската личност и на вистински начин, бакнежот ќе ги затрепери колената, вашиот пулс ќе се забрза, умот ќе ви се замати. Како и да е, што ако некој прави нешто постојано што ви пречи и предизвикува непријатност или, подеднакво ужасно, досада? Или уште полошо, што ако вие сте тие што прават грешки?
Колку јазик користите?
Се разбира, никој не сака кога цело време го „брка“ јазикот преку сопствената уста и се чувствува нападнато, но тоа предизвикува подеднакво несакан ефект кога се користи премалку јазик. Важно е да го започнете бакнежот со затворени усни, а дури потоа затворете ги оставете го моментот и реакцијата на вашиот партнер да ве водат. Најважно е да се најде вистинската мерка, бидејќи скоро сите грешат во овој „чекор“.
Дали почнувате агресивно?
Холивудските бакнежи што се случуваат одеднаш и прилепуваат некого за плакарот, изгледаат соодветно во филмската сцена и во одреден контекст, но во реалниот живот тие се претежно многу непријатни и лесно може да се сфатат како агресија. Покрај тоа, овој прв контакт со усните може да боли наместо да биде пријатен, нежен и полн со исчекување.
Што правите со рацете?
Едно од вообичаените прашања е што да правиме со рацете за време на бакнежот и дали можеме да дејствуваме премногу агресивно ако премногу брзо им се занесеме на страстите, но исто така и дали се однесуваме незаинтересирано ако воопшто не правиме ништо со нив. Идеално е да го држите партнерот во раце како што се држи бебе – нежно, но цврсто, а за понатаму тој ќе ви го покаже моментот…
извор: Попара.мк