Дали некогаш сте се запрашале колку време е потребно за да преболите некого?
Или сте обрнале внимание на тоа колку им е потребно на луѓето околу вас?
Нема дефинитивен или прецизен одговор на ова прашање.
Но, неодамнешното истражување покажа дека повеќето луѓе поминуваат во просек 18 месеци од својот живот во помирување со раскинувањето.
Ова значи дека 3 значајни раскинувања носат по 6 месеци тага.
Зад оваа студија стои „OnePoll“, кој нуди и објаснување за ова сценарио.
Имено, раскинувањето повлекува промена во рутината и навиките што ги стекнавме за време на врската или заедничкиот живот. Постои период на прилагодување на независното функционирање, понекогаш промена на адреса или круг на пријатели. Врската е нешто со што се идентификуваме, па затоа често можеме да слушнеме коментар дека некој преболел некоја личност, но не и тоа чувство да се биде во врска.
Ако во моментот поминувате низ раскинување, знајте дека е важно да си дадете простор, време и разбирање и да бидете подготвени за подеми и падови. Половина година се чини дека е вистинската мерка за да се ослободиме од тоа искуство и личност, но сите ја препознаваат сопствената пресвртната точка.
извор: Попара.мк