Ема Бреговиќ, ќерката на Горан Бреговиќ не само што потекнува од уметничко семејство туку и се занимава со музика.
Таа неодамна имаше своја изложба во Белград, а пред тоа и неколку изложби во Париз.
Таа се потсети на трауматичната несреќа која ја доживеала за време на образованието.
„Додека студирав во училиштето за уметности имав многу драматична незгода, струг ми ја повлече раката. За малку ќе останев без рака. Денес не работам сама, окружена сум со експерти. Имам уште многу работи да научам“, изјави Ема за „Хело“.
Таа истакна дека нејзиното семејство од самиот почеток ја подржувало да запише ликовна академија и да се занимава со вајарство.
„Родителите секогаш ме подржуваа во моите одлуки, иако за нив не беше изненадување она што сакав“, вели Ема.