Љубов и Секс

Знаци кои покажуваат дека партнерот искрено се кае што ве изневерил

Знаци кои покажуваат дека партнерот искрено се кае што ве изневерил

Неверствата во бракот или во врската се чести и најчесто се знак дека нешто не е како што треба. Иако постојат партнери кои ќе признаат зошто се впуштиле во афера, други никогаш нема да се издадат, но евентуално ќе бидат фатени на дело.

Кога партнерот ќе признае зошто се впуштил во афера, експертите откриваат дека постојат сигнали кои говорат дека искрено се кае за стореното.

Еве како да ги препознаете:

1. Ја презема одговорноста

Ако се чувствува виновен, но се брани и оправдува тоа значи дека се срами само затоа што е фатен. Но, ако за својата постапка ја преземе одговорноста и почне да прави сè за да ве задржи покрај себе, тоа значи дека навистина му е жал што ве изневерил.

2. Го прекинал односот со личноста со која ве изневерил

На овој чекор ќе се одлучи ако расчисти со себе дека навистина сака да биде со вас. Не е подготвен да ве изгуби и смета дека е бесмислено да ја жртвува љубовта поради авантура.

3. Побара помош

Ситуацијата по неверство е најтешка и често се случува партнерите да побараат стручна помош. Доколку покаже подготвеност за ваков чекор покажува дека сепак се кае.

4. Ги исполнува ветувањата

Ако сте му кажале дека мора да направи листа на работи и го почитува тоа што го барате за да ви докаже дека ве сака, тогаш знајте дека е искрен.

извор: Кајгана

To top