Овие хороскопски комбинации се толку моќни што едноставно судбината предодредила да бидат заедно.
Стрелец и Овен
Овој пар е длабоко емотивно поврзан. Поради бунтовничката природа, спојувањето на овие знаци не е лесно, но кога еднаш ќе се спојат, тие одлично функционираат. И Стрелецот и Овнот бегаат од рутините и заедно лудо се забавуваат.
Рак и Риби
Фантастичен пар кој на прв поглед одлично се разбира. Исклучително се внимателни и чувствителни еден кон друг, заедно се и во радост и во тага. Без сомнеж – овој пар е со најдлабока емотивна љубовна врска.
Вага и Рак
Тие се надополнуваат на речиси сите полиња од животот, а кога се заедно само небото им е граница. И двата знаци според хороскопот се сродни души.
Шкорпија и Вага
Длабоко, емотивно поврзани. Нивната меѓусебна страст и посветеност еден кон друг го прават овој пар неуништлив. Во емотивна смисла тие совршено се вклопуваат.
Близнаци и Водолија
Овие два знаци совршено се надополнуваат. Дури и доколку понекогаш имаат спротивно мислење за одредени прашања, тие знаат како да се мотивираат и согласат. Слабоста на еден од партнерите секогаш се надополнува со силата на другиот. Заедно можат да ги преживеат сите бури.
извор: точка.мк