Би било штета да се најдете покрај некого со кого добро се забавувате, да започнете со предигра и потоа да уништите сè поради глупава, несовесна изјава.
Можеби поретко го покажуваат тоа, но мажите се подеднакво чувствителни. Некои непромислени потези дури можат да доведат до раскинување, а за многумина по ваквите моменти, самодовербата драстично опаѓа. Исто така, доведува до намалена желба за секс, што воопшто не е добро.
Драги дами, прочитајте што ја уништува секси атмосферата.
Воздржете се од непотребни прашања
Сите теми кои немаат никаква врска со сексот во тие моменти најдобро е да се избегнуваат. Пожелни се само прашања поврзани со дејствата и позите што сакате да ги пробате. Прашањата за тоа каде ќе одите следниот викенд или утре на вечера, оставете ги за подоцна. Уште полошо е ако се сетите дека не сте направиле нешто, па го прекинете сексот и отидете да го завршите. Не е убаво никого да „сецнете“ среде „работа“.
Не спомнувајте ги бившите
Штом реченицата започне со „Мојот бивш знаеше…“, на мажот му се крева косата, а му се спушта расположението за секс. Заборавете на бившиот и целосно посветете му се на сегашното момче. Заборавете на споредбите. Исто така не мислете на неговите бивши и не претпоставувајте дали со нив правел нешто што не прави со вас. Разговарајте отворено за она што сакате да го знаете, но не за време на сексот или веднаш потоа.
Без глумење
Можеби ви се чини дека можете лесно да лажирате оргазам, но подобро е да не го правите тоа – навреда е да си мислите дека нема да забележи. Поради ваквите лаги во врската, мажот сигурно би сакал да раскине, никој не сака неискреност.
Сите тела се убави
Самоувереноста е важна, но не мора да бидете суперсамоуверени, повеќе од доволно е да почнете со тоа што ќе си го сакате телото. Е какво што е, а поважна е личноста во тоа тело – вие!
Обидете се да не се срамите од вашата голотија и уживајте заедно со вашето тело. Не ги исклучувајте светлата, сигурно сака да гледа каде бакнува.
Не критикувајте
Критиката за време на сексот е навистина непотребна. Комуникацијата и фидбекот се важни, но одберете го вистинското време за тоа. Во спротивно, ќе му ја убиете целата самодоверба, а тоа нема да заврши добро за никого.
извор: кајгана