Секојдневните обврски, грижата за децата или за болните родители се само некои од причините што ја убиваат желбата за секс кај жените.
Сепак, поголем проблем е физичкото и емотивното оддалечување од партнерот кое резултира со намалено либидо. Психолозите ве советуваат да разговарате со вашата партнерка.
Жените се премногу уморни бидејќи се грижат за сè. Затоа, треба да бидете свесни за тоа дека домашните обврски не се само женска работа.
Доколку вашата партнерка забележи дека се трудите и дека заеднички се грижите за домот, таа ќе има повеќе енергија и поголема желба за секс.
Најдобар лек за ваквата ситуација е искрено и отворено да разговарате за тоа што очекувате од бракот и колку ви значи сексот. Обидете се да најдете компромис со кој ќе бидете задоволни и двајцата.
Доколку партнерката забележува дека партнерот има поголема потреба за секс, тогаш ќе го смета сексот како обврска, а не задоволство – ова е најголемиот убиец на либидото. Затоа, најдете начин како да ја задоволите вашата жена и да ѝ помогнете да доживее оргазам.
Во долгите врски неопходно е да постои љубов меѓу вас за да имате секс. Затоа, најдете време за да бидете сами. Заминете на вечера, разговарајте за вашите чувства, соништа, планови за иднината.
Покажете ѝ на вашата партнерка дека ве привлекува и дека ја сакате. Со тоа ќе ѝ помогнете повторно да ја открие нејзината сексуалност.
извор: Нетпрес