Законите за привлекување помеѓу луѓето може да се објаснат само до одреден степен рационално и логично, бидејќи по она што е видливо и опипливо, секој обично спомнува „тоа нешто“, „енергија“, „хемија“ помеѓу две лица.
Всушност, постојат неколку т.н. состојки во целокупната комбинација што го прави некого привлечен за некој друг, а физичката привлечност е само една од четирите клучни ставки.
А тие ставки се:
Динамичка привлечност
Начинот на кој се изразувате – вашиот динамичен изглед – ве прави страктивни и привлечни. Или не.
Ова е она што се нарекува динамична привлечност, а тоа е, всушност, вашиот говор на тело.
Тоа вклучува изразување на емоции и личности и е клучен елемент на личната харизма на поединецот.
Вашите верувања, карактерни црти, вашите таленти, самодоверба, духовност што зрачат од вас.
Позитивно изразување – насмеано лице, оптимистичко темпо, интерес за соговорник, експресивни очи и изрази на лицето се поврзани со динамичката привлечност.
Околности
Голем дел од истражувањата во социјалната психологија ни кажуваат дека ситуацијата е важна.
Како прво, сакаме и привлекуваме луѓе што нè сакаат. Имаме тенденција да возвратиме со еднаква корист.
Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека ако доживееме нешто што нѐ возбудува, можеме да му припишеме дел од таа возбуда на нашиот партнер и да станеме уште попривлечни за него.
Статичка привлечност
Со тоа сте родени – обликот на лицето, физичките карактеристики, обликот на вашето тело.
Се разбира, физичкиот изглед може да се менува како што старееме, поради повреди или пластична хирургија, но, генерално, физичката привлечност е компонента околу која не можете да направите премногу.
извор: попара.мк