Сексуалните експерти и терапевти се согласни во едно – бидете отворени кога станува збор за сексот поради тоа што така ќе ја зајакнете вашата врска и ќе го подобрите сексуалниот живот.
Пет најдобри совети за жените кога станува збор за сексот:
1. Бидете отворени за пробување на нови работи
Мажите тежнеат кон тоа жената да има самодоверба кога станува збор за сексот. Разновидноста која ја одржува врската во живот дополнително и го „зачинува“, а мажите дефинитивно сакаат да пробуваат нови работи.
2. Гледање на 18+ филмови
Сексуалните терапевти велат дека гледање на филмовите за возрасни е еден од најдобрите сексуални совети кој жените може да го добијат. Обидете се овој совет да го спроведете во дело поради тоа што гледањето на таквите содржини може да биде забавно и кај вас да ја разбуди фантазијата.
3. Пробување на секс-играчки
Секс-играчките можат да бидат забавни и експериментални, начин за поврзување на партнерите во спалната соба. Не срамете се, туку сметајте го тоа како еден дел од игра кој ќе ја подобри атмосферата.
4. Бидете гласни во кревет
Мажите тоа го обожуваат. Нив најлошо им е кога жената молчи и всушност тогаш не знаат дали ја задоволуваат на вистинскиот начин. Секој маж сака да ја слушне жената кога ја задоволува.
5. Покажете колку партнерот ви значи
За поголемиот дел од мажите е најважно токму тоа – да се чувствува како маж. Поради тоа треба да имате мал потсетник за да му покажете дека го цените, а тоа ќе го постигнете вербално или пак преку некој мал гест.
извор: точка.мк