Без разлика дали раскинувањето се случило пред неколку дена или пред неколку месеци, во одреден момент сигурно ќе добиете желба да разговарате со бившата/бившиот.
Раскинувањето на љубовните врски е тешко, без разлика дали сте иницијатор или саканата личност ве напушта вас.
Никој не негира дека ќе се чувствувате лошо по раскинувањето, особено ако сте во врска долго време. Сепак, постојат работи што треба да ги избегнувате по раскинувањето за да ги направите работите малку полесни за себе. Неуспешните врски за жал се составен дел од романтичните авантури, и ако штотуку сте доживеале раскинување, советите што следуваат би можеле да ви бидат многу корисни.
Избегнувајте разговор со бившата
Без разлика дали раскинувањето се случило пред неколку дена или пред неколку месеци, во одреден момент сигурно ќе добиете желба да разговарате со бившата/бившиот. Времето кое го поминувате заедно и фактот дека знаете некои работи едни за други што никој не може да ги знае ќе ве натераат да мислите дека треба да разговарате. Сепак, разговорот со бившата/бившиот завршува лошо во повеќето случаи. Ќе се доведете себеси во ситуација да ги преиспитате своите одлуки и да ги преживеете истите болни работи.
Избегнувајте ги местата каде што заедно сте оделе
Кога живеете во мала средина, големи се шансите често да се сретнете со бившата/бившиот. Меѓутоа, ако не сакате да си отежнете себеси по раскинувањето, обидете се да избегнете места каде што дефинитивно знаете дека ќе го сретнете. Може да биде кафуле каде што обично застанува на попладневно кафе, теретана, па дури и на пазар во околината. Ако го сретнете, ќе мора да разговарате со него, а не сакате да го правите тоа.
Не впуштајте се во авантури за една ноќ
По голема количина алкохол, логично е да се побара утеха во прегратките на првиот странец што ќе наиде. Без разлика дали сакате повторно да се чувствувате сакани или едноставно не сакате да размислувате повеќе, авантурите за една ноќ се најлошото нешто што можете да го изберете. Една ноќ може да ви донесе толку многу лоши работи, што списокот е скоро бесконечен. Како прво, ако не ја познавате личноста доволно добро, таа може да ви пренесе сексуално пренослива болест; ако сексот е незаштитен, можете да останете бремени. Исто така, по ваквиот чин, ќе имате прилично лошо мислење за себе.
извор: центар.мк