Интересно истражување …
Жените кои излегуваат со мажи кои се значително помлади од нив, обично се посреќни и изгледаат посреќни од жените кои имаат постар партнер, покажа едно истражување на американски психолози.
Авторот на студијата, д-р Џастин Лемилер, испитал неколку стотици жени, вклучувајќи ги и оние кои излегувале со мажи постари од нив, помлади, но и на иста возраст.
– Се испостави дека дамите кои биле во врска со мажи помлади од нив околу десет години биле позадоволни од сите животни проблеми и дека биле посветени на нивната врска отколку жените кои биле во врска со постар партнер или врсник. Таквото олеснување веројатно е поврзано со женската доминација во врската – изјавил д-р Лемилер.
Истражувањата исто така покажаа дека мажите се среќни во таква врска и дека таквите парови имаат одлична основа за успешен брак и родителство.
извор: Попара.мк