Љубов и Секс

Како сексот во тројка може да се претвори од фантазија во катастрофа?

Како сексот во тројка може да се претвори од фантазија во катастрофа?

Сексот во тројка може да биде возбудлив начин да ги вратите огнот и страста во спалната соба. Тоа е нешто поразлично, предизвикувачко, ново, „забрането“, но и многу опасно.

Што е со мажите и нивната желба за тројка, додека се во врска? Зошто е толку честа фантазија за нив? И жените фантазираат за секс во тројка кога се во врска, но поретко ја реализираат.

Еротски потреби

Многу сексолози тврдат дека кога станува збор за сексот, луѓето се полигамни. И затоа не е изненадувачки што повеќето луѓе фантазираат за секс со две или повеќе лица.

Групниот секс може да послужи како начин да се исполнат длабоките еротски потреби за максимално задоволство и ерогена стимулација, но може да биде и средство за заштита и одбрана од самотија. Без оглед на тоа каков психолошки механизам се крие зад тоа, има разлики од една до друга личност, велат експертите.

Едно големо истражување во Велика Британија покажа дека 40% од мажите и 19% од жените ги привлекува идејата за секс во тројка.

Малку перверзија

Сонот на мажот да има секс со две жени истовремено често е негов несвесен обид да ја добие идеалната жена во тој момент, онаа што ја сака и онаа со која има секс, затоа што „не може“ да ја најде во една личност. Мажите полесно ги одвојуваат сексот од љубовта, па можно е желбата за тројка да е несвесен обид со другата женска личност да ги интегрираат љубовта и сексот, бидејќи сексот со девојката или сопругата е добар, има љубов, но нешто недостасува, можеби малку повеќе перверзија, велат сексолозите.

Како и за останатите теми поврзани со врските и сексот, разговорот е најважен и мора да има согласност и волја од сите засегнати страни. Ако тоа ви е фантазија, разговарајте со партнерот/партнерите, но имајте на ум дека ако само едниот форсира, може да ја олади личноста со која е во пар.

Емотивна катастрофа

Одигрувањето на фантазиите бара многу креативност и доверба во партнерството. Размислете добро пред да влезете во ова. Фантазијата и реалноста може да се доживеат сосема поинаку. Многу луѓе се возбудуваат од фантазиите токму затоа што никогаш нема да се одиграт во реалноста, велат експертите .

Тие додаваат дека за паровите кои се заедно подолго, тоа обично се претвора во емотивна катастрофа.

Дури и ако уживале, љубомората и паранојата дека партнерот повеќе ја сака третата личност, доведува до разорна дискусија. Често се случува возбудата да исчезне брзо, па многумина чувствуваат вина, жалење, срам, па дури и губење на довербата, што води кон емотивна катастрофа.

извор: Кајгана

To top