Влеговте во врска со маж, кој на почетокот беше остварување на вашите соништа, но полека сфативте дека не е тоа.
Сепак, повеќе не можете да живеете без него, а овие знаци велат дека оваа врска е крајно отровна.
1. Се плашите да започнете разговор за проблемите
Секој пат кога ќе го започнете, има подготвена навреда што целосно ќе ја уништи вашата самодоверба. Резултатот? Живеете во вашата школка.
2. „Извини“ – не е дел од неговиот вокабулар
Никој не е совршен освен него. Тој е експерт за извртување на секоја ваша реченица до тој степен што секогаш некако се покажува дека вие сте главен виновник – дури и кога знаете дека сте во право.
3. Тој нема да ви каже дека е повреден, само ќе се одмазди
Ако мисли дека премногу флертувате со некое момче, тој нема да ви каже. Наместо тоа, тој ќе се погрижи да флертува со секоја жена што ќе ја сретне – и вие да го забележите тоа. Секогаш ќе ја избере опцијата во која ќе ве повреди, наместо да проголта малку гордост и да признае дека нешто му пречело.
4. Заради него излегувате глупави кога сте во друштво
Тој не престанува да зборува за себе на забави додека се чувствувате како маково зрно до него. Исто така, ќе се погрижи секогаш да ги коригира вашите погрешни нагласени зборови пред сите ваши или негови пријатели.
5. Се повлекува кога ви оди добро, се приближува кога плачете
Ако добиете унапредување, тој ќе преврти со очите: „Па, сега ќе бидеш уште поголем роб на таа компанија?“ Факт е дека вашиот успех го плаши и се обидува да ве одржи послаби од него. Кога сте вознемирени, тој е пресреќен – затоа што повторно е поголем, посилен и помоќен од вас. Вистински маж ќе се радува на вашиот успех, а тој сигурно не е тоа.
извор: попара.мк