Љубовта е нешто од кое зависиме сите ние, но дефинитивно не се решение вечното барање и очајното чекање
Слепо веруваме во морето совети што ги добиваме, а можеби и не треба.
Ако се сакате, ништо друго не е важно
Убаво е да се поминува низ животот во романтичен дух, но колку и да е силна љубовта, за жал, вие не живеете од тоа. Тажен факт е дека можете некого да сакате лудо, и дека тој е тотално погрешен избор за вас, од повеќе причини. Ако не ве почитува, не цени и омаловажува, ако е агресивен и не ви посветува толку време колку што треба, не го толерирајте тоа. Ќе има некој што ќе го направи сето ова и повеќе отколку што очекувате.
Љубовта не се бара, љубовта те наоѓа
Секогаш истиот социјален тим, на едно и исто место, не е вистинското решение за наоѓање партнер. Обидете се да ги проширите хоризонтите. Променете го кафулето, јавете се на некое старо друштво што не сте го виделе одамна. Не двоумете се да запознаете нови луѓе во клубот, барот … Никогаш не знаете каде ќе го најдете „вистинскиот“.
Помали очекувања
Сосема е нормално и логично дека сакате партнер кој ќе ги исполнува критериумите за кои сметате дека се многу важни. Не треба да отстапувате од тоа, ниту да ги намалите условите и да бидете со некој што не е како вас. Подобро е да бидете сами отколку да трошите време на луѓе со кои не гледате иднина.
извор: Попара.мк