Љубов и Секс

Слаби точки: Како да освоите некоја личност според нејзиниот хороскопски знак?

Слаби точки: Како да освоите некоја личност според нејзиниот хороскопски знак?

Некои хороскопски знаци сакаат партнери кои се директни, други сакаат партнери кои се однесуваат отмено, а трети се држат до традицијата.

На некои им е важна амбициозноста, а на поединци романтиката им е на прво место. Ова се неколку насоки како да ја освоите личноста која ви се допаѓа според нејзиниот хороскопски знак.

Овен

Бидете директни, нека биде тој оној кој одлучува за нешто, бидете авантуристички настроени и дајте им простор.

Бик

Одете полека и одмерено, изгледајте добро, не играјте игри од типот „тешко освојлив/а“ и бидете лојални и верни.

Близнаци

Флертувајте со нив, бидете духовити и возбудливи, но не заборавајте да им дадете слобода.

Рак

Барајте помош од нив, зборувајте за семејството, дружете се во рамките на домот и бидете љубезни, грижливи и традиционални.

Лав

Ласкајте им, оставете тие да преземат иницијатива, покажувајте приврзаност и покажете им дека е забавно да се биде со вас.

Девица

Не се преправајте, бидете дотерани, барајте ја нивната помош и настојувајте да бидете трпеливи.

Вага

Споделувајте нешта со нив, бидете добар слушач и станете нивниот најдобар пријател.

Шкорпија

Бидете искрени и лојални, не кажувајте им што да прават – оставете ги да прават што ќе посакаат.

Стрелец

Бидете духовити, искрени и директни. Имајте авантуристички дух и не им ја одземајте слободата.

Јарец

Покажете дека сте софистицирани и отмени, бидете внимателни во своите постапки и покажувајте амбициозност.

Водолија

Бидете уникатни, изненадувајте ги, станете нивен најдобар пријател, но не бидете премногу емотивни.

Риби

Бидете романтични. Покажете дека сакате да бидете повеќе од пријатели и соберете храброст да го направите првиот чекор.

извор: точка.мк

To top