Светлана Цеца Ражнатовиќ официјално ја отвори сезоната на концерти откако беше објавено дека мерките пропишани заради пандемијата на коронавирусот се олабавуваат.
Имено, пејачката пееше пред два дена на прославата на едно дете на неговиот прв роденден на Гружанското езеро крај Крагуевац, а родителите на детето се нејзини пријатели. Нивна желба беше Цеца да ја заврши интимната прослава, а фолк дивата со ентузијазам ја прифати поканата.
View this post on Instagram
Таа сепак имала одредени барања, кои организаторот во целост и ги исполнил.
„Цеца побара да има сцена каде што ќе биде нејзиниот бенд, но и самата таа. Како прво, затоа што таа е ѕвезда и нејзиното место не е меѓу гостите и трпезите, но и поради дистанцата, зашто коронавирусот сè уште е присутен кај населението“ – изјави извор близок до пејачката и додаде дека домаќините со задоволство го исполнија ова нејзино барања. Со себе ја зеде и ќерката Анастасија, но и личната фризерка која се погрижи за изгледот на мајката и ќерката за време на прославата. Непосредно пред настапот им се доверила на своите пријатели дека е малку нервозна.
View this post on Instagram
„Таа се пошегува дека се плаши дека ги заборавила текстовите на нејзините песни затоа што не настапувала долго време. Секако, до тоа не дојде, затоа што кога пеете три децении, тоа не може да се случи“ – изјави извор близок до Ражнатовиќ. Иако немаше план Анастасија да пее на прославата на пријателката на фолк дивата, понесена од добрата атмосфера, таа самата го зеде микрофонот.
„Анастасија отпеа само една од нејзините песни, но гостите беа воодушевени и уште од првите тактови на песната „Рани“, тие пееја заедно со неа“ – додаде изворот. Иако Цеца пееше само еден блок песни на прославата на нејзините пријатели, тоа беше доволно за да сфати дека веќе не може без микрофон.
View this post on Instagram
„Не сум настапувала толку долго, и нестрплива сум да пеам, па се изненадив колку ме понесе атмосферата и колку уживав со моите пријатели“ – рече Цеца и додаде:
„Сакам да ги прашам сите луѓе и да апелирам до нив, ако можам: Ве молам, вакцинирајте се за да можеме да се вратиме во нормалниот живот што е можно побрзо! Навистина ми недостасува сето ова“ – порача Цеца на својот прв настап по едногодишната „корона пауза“.
Фото: Инстаграм прнтскрин/fanpagececaraznatovic