Љубов и Секс

Мислевте дека сте пробале сè? Пробајте ги и овие игри

Мислевте дека сте пробале сè? Пробајте ги и овие игри

Подигнете ја возбудата до максимум

Го сакате вашиот партнер, но вашата врска стана рутина?

И немате идеја како да ги запалите страстите?

Ние ви даваме решение за зачинување на врската.

Сè што е потребно е да пробате неколку игри кои во голема мера би можеле да го подобрат вашиот однос со вашиот партнер.

Игра на контрола

Целта на оваа игра е многу едноставна. Контролата ќе му ја предадете на партнерот, но не целосно. Изберете ја омилената сексуална играчка или нарачајте нова за која е потребен далечински управувач и оставете му на вашиот партнер да го избере режимот.

Да му дозволите на некого да управува со вашето задоволство бара високо ниво на доверба и ако ја играте оваа игра за прв пат, договорете се кој ќе биде тој што ќе ја прекине играта. Откако ќе достигнете кулминација, сменете ги улогите.

Исполнување фантазии

Секој од вас треба да го запише на хартија она што сè уште не го пробал, а би сакал. Нека има една желба на едно парче хартија. Потоа ставете ги овие парчиња хартија во сад и можете да играте на два начина:

– Секоја вечер извадете парче хартија од тој сад и ако ви се допаѓа што пишува на него – направете го тоа.

– Отворете шише од вашиот омилен пијалок, запалете миризливи свеќи и реализирајте ги своите фантазии цела вечер по ред.

Целта на играта не е да ја исполни секоја фантазија, туку подобро да се запознаете. Ако има фантазии кои сега се неизводливи поради пандемијата, составете нова листа со желби.

Голо чистење

Поминете го денот извршувајќи ги домашните обврски, но за тоа време и двајцата да бидете целосно голи. Важно е да не се допирате еден со друг додека ја средувате куќата, туку да дозволите сексуална напнатост да се развива со часови, сѐ додека ескалацијата не ескалира.

извор:попара.мк

To top