Обично кога крајот на врската е на повидок, има повеќе од „опипливи“ знаци кои можат да ве натераат да разберете што се случува.
Некои од овие знаци се скриени во реченици изговорени од луѓе во врска или во нивните дела. Во следните редови, ќе ги посочиме знаците на кои треба да обрнете внимание (доколку ги има), бидејќи тие повеќе од секако означуваат наскоро раскинување.
Партнерот заминува за време на кавгата
Тензиите за време на кавгата можат да бидат навистина големи. Понекогаш е повеќе од примамливо да се свртите и да заминете по кавгата. Сепак, оваа постапка е совршен начин за раскинување. Клучот за успешна врска никогаш не бил и не може да биде – свртување на грб. Ако сте премногу вознемирени да зборувате, во ред е да го расчистите умот и да го продолжите разговорот малку подоцна на тема што е контроверзна. Но, ако вашиот партнер едноставно се оддалечува од вас секогаш кога започнувате разговор на дадена тема, тоа е знак дека тој не е заинтересиран таа да се реши.
Глумење жртва
Ако забележите дека за време на секоја расправија, кога вашиот партнер забележува дека „ја земате победата“, тој го менува своето однесување и игра жртва, со цел да ги предизвика вашите симпатии и да ве натера да ја прифатите неговата позиција, тоа е показател дека тој знае како да ве изманипулира и го добива она што го сака.
Не комуницирате како порано
Психолозите тврдат дека еден од најважните аспекти на секоја врска е комуникацијата. Можеби се случува да немате ништо ново или важно да му кажете на вашиот партнер, но важно е да ги споделите вашите чувства, стравови, надежи, планови едни со други. Ако тоа не е случај, и ако владее тишина помеѓу вас, тоа е јасен знак дека нешто мора итно да се промени.
извор: попара.мк