Љубов и Секс

Топ 3 лаги кои ги изговараат и оние кои се во совршени љубовни врски

Топ 3 лаги кои ги изговараат и оние кои се во совршени љубовни врски

Заблуда е дека и среќните парови никогаш не користат од т.н. „бели лаги“.

Довербата е една од најважните работи за цврста, здрава и среќна врска. Сепак, заблуда е дека среќните парови никогаш не користат „бели лаги“.

Тие всушност може да придонесат за тоа да се избегне кавга околу ситница и за „мир во куќа“.

3 лаги кои редовно ги изговараат и најсреќните парови:
1. „Изгледаш прекрасно“

На пример се подготвувате за излегување со партнерот или партнерката, а откако ќе го направите тоа следи и прашањето: „Како изгледам?“. Факт е дека прашањето се поставува поради тоа што на партнерот му е важно вашето мислење и секако подобро е со убави зборови да го охрабрите и да потврдите дека изгледа одлично, отколку да му кажете дека не изгледа убаво.

2. „Целосно си во право“

Кога сте среде расправија, а особено доколку се расправате за бесмислени работи и тоа не е во врска со ништо што е важно, за момент може да ја смирите ситуацијата така што на партнерот ќе му кажете дека е во право. Така ќе сфати дека целта не ви е да го нападнете, па тензиите меѓу вас ќе се намалат.
3. „Добро сум“

Не треба да ги криете вашите чувства од партнерот, но факт е дека постојат ситуации кога ниту сами не сте сигурни како се чувствувате и што чувствувате. Во таквите моменти најдобро е да изговорите: „Добро сум“, барем дури самите со себе не расчистите како се чувствувате.

извор:точка.ком.мк

To top