Мажите и жените различно ја рангираат физичката привлечност. Теориите сугерираат дека жените повеќе ги привлекуваат мажи кои покажуваат гордост затоа што тоа подразбира статус и можност да ги обезбедат
Жените сметаат дека насмеаните мажи се помалку сексуално привлечни од оние замислените според новото американско истражување кое се обиде да ја објасни привлечноста на „лошите мажи“.
Во студијата, 1.000 возрасни ги рангирале дадените фотографии според физичката привлечност. На фотографиите биле прикажани мажи и жени кои изразуваат различни емоции.
Резултатите покажаа дека жените најмалку ги привлекуваат насмеани, среќни мажи и дека повеќе ги сакаат оние кои изгледаат горди и моќни или нерасположени и срамежливи. За разлика од нив, мажите повеќе ги привлекуваат жени кои изгледаа среќно, а помалку оние кои изгледаа гордо и самоуверено.
Жените претпочитаат „лоши мажи“ поради еволутивните и културни сили
Силата на привлечност се оформувала низ вековите. Еволуцијата и културните аспекти влијаеле на тоа. Теориите сугерираат дека жените повеќе ги привлекуваат мажи кои покажуваат гордост затоа што тоа подразбира статус и можност да ги обезбедат.
Исто така, некои социо-културни и психолошки родови норми можат да влијаат на привлечноста. Насмевката може да се поврзе со недостаток на доминација. Насмеаната жена се доживува како потчинета и ранлива. Интересно, срамежливоста е привлечна за двата пола. Оваа емоција може да биде поврзана со смирувачко однесување кое поттикнува доверба во другите.
Како што забележале истражувачите, мажите со одлики на макијавелизам (искористување и манипулирање со другите и фокусирање на сопствените интереси) биле исто така попривлечни за жените, пишува „Брајт Сајд“.
извор:попара.мк