Живот и Стил

Трик кој докторите го препорачуваат против несоница – тајната е во менување на 2 работи во спалната соба

Трик кој докторите го препорачуваат против несоница – тајната е во менување на 2 работи во спалната соба

Ако често се прашувате зошто не можете да заспиете, два фактори во вашата спална соба би можеле да го кријат решението на вашиот проблем.

Несоницата е чест проблем, но ако трае долго може негативно да влијае на разните процеси во организмот. Нередовниот или неквалитетен сон е поврзан со слаб имунитет, лоша концентрација и расположение, недостаток на сила и енергија и многу друго.

Д-р Џејд Ву од Универзитетот Дјук објаснува дека луѓето кои патат од несоница би требало да ја испробаат „методата на пештерскиот човек“.

Вештачката светлина, дури и онаа која ја емитуваат малите уреди како мобилните телефони или таблетите, го нарушува нашиот ритам за спиење и нѝ отежнува полесно да потонеме во сон.

„Гледајте на својата спална соба како на пештера во која живееле нашите претци. Во неа не смее да има вештачка светлина, мора да биде темна. Ако ви смета светлото однадвор, набавите завеси кои во целост ќе го блокираат или спуштете ги ролетните“, советува докторката.

Светлото во домот пригушете го 30 минути пред заминување во кревет за да му дадете сигнал на телото дека е време за спиење.

Исто така е важна и температурата во спалната соба бидејќи нашите претци не спиеле во загреани простории. Д-р Ву препорачува собата во која што спиете да е доволно ладна за едвај да чекате да „скокнете“ во кревет и да се покриете.

извор:курир.мк

To top