На што прво обрнуваме внимание кај личности од спротивниот пол?
Секој од нас има одреден тип момче или девојка што особено нè привлекува.
Некои под „тип“ ќе подразберат физички изглед, боја на коса, очи… додека други ќе помислат на духовитост, шарм и други квалитети што прво ќе ги забележат кога ќе сретнат некого.
Ова секако не значи дека нашиот однос со таа личност навистина би успеал, но има некои од факторите што нè привлекуваат на прв поглед кај личности од спротивниот пол. Постојат многу теории за тоа кои фактори го одредуваат типот на личноста што ќе ни биде привлечна.
Студија од Универзитетот во Калифорнија во Дејвис покажа дека постојат одредени фактори кои влијаат на тоа кој тип на момче или девојка ќе биде привлечен за нас. Откриено е дека најмногу нè привлекуваат луѓе кои имаат слични карактеристики и интереси како нас.
Ова вклучува слични физички карактеристики, нивоа на интелигенција и образовни и религиозни убедувања.
Научниците всушност веруваат дека околностите во кои се наоѓаме играат голема улога во изборот на партнер. Толку често среќаваме парови кои ги запознале своите втори половини на работа, за време на училиште или живееле во истата област.
Ова исто така покажува дека голем број од нив делеле исти или слични интереси или дека самите околности ги натерале да се запознаат.
За да одредите сами кој тип на момче или девојка е идеален за вас, започнете со себе и вашите карактеристики.
Размислете кои се вашите ставови, што ви се допаѓа, а што не, кои се вашите сфери на интерес и карактеристики и, врз основа на тоа, проценете дали таа личност е соодветна за вас.
извор: попара.мк