Ретко кој се сеќава на Љубинка Буба Добросављев која беше една од првите водителки која ги водеше „Ѕвездите на Гранд“, а во 2011 година беше отпуштена од оваа работа.
После големиот кикс за време на финалната вечер во белградска „Арена“, директорот на „Гранд“ реши да ја отпушти Буба и да му верува на Владо Станојевиќ оваа продукција да му укаже доверба. После таа сезона, „Ѕвездите на Гранд“ беа водени од популарната ТВ двојка Милан Митровиќ и Ана Севиќ.
„Освен што го користеше зборот суперфинале во скоро секоја реченица, таа постојано грешеше, а кулминацијата се случи кога ги измеша бројките на кандидати, поради што еден од родителите се појави зад сцената и го нападна Влада, прашувајќи го зошто микрофонот и го препиуштил на „таа глу*ача“. Тогаш тој исто така му се пожалил и на Саша Поповиќ“ – раскажа извор близок на „Гранд“ продукција.
За разлика од Буба, Влада блескаше,, па Поповиќ му се заблагодари и рече дека тој е неговата десна рака.
„Ако е така, нека им е со среќа. Сè уште не сум разговарала со Саша Поповиќ за мојот иден ангажман. Ионака концептот на емисијата е да се менуваат водители секоја година, така што не е ништо страшно за мене“ – заклучи тогаш Буба, по што откако не доби втора шанса за друг ангажман, се посвети на сосема различна професија – уметност и литература.