Можеби порано сте имале работа со вакви манипулатори
Машко-женските односи се доста сложени.
И секој што некогаш се впуштил во нив го знае тоа.
На одредени ситуации и појави често им се даваат имиња и изрази.
Една од најновите е „Бумеранг маж“.
Тоа е мажот кој ве повикува, ве кани на состанок и штом работите станат посериозни, исчезнува.
И ако сè останеше на тоа, сè ќе беше во ред. Сепак, бумеранг мажите имаат навика да се вратат и повторно да си заминат веднаш штом ќе им здодее.
Она за што треба да бидат свесни жените е дека никогаш нема да имаат нешто сериозно со такви мажи, а исто така треба да знаат како да ги препознаат.
Нема да имате сериозна врска со нив и тие ќе ви се јават само кога ќе им треба малку забава.
Тие се незрели. Не ги почитуваат жените, не даваат поддршка и љубов.
Девојката најчесто ја искористувааат неколку недели, или месеци, додека не најдат нова „жртва“.
Ваквите мажи имаат навика постојано да се јавуваат и да се надеваат така што ќе ви дадат надеж дека, сепак, се постојани и дека еден ден, можеби, ќе се вратат и ќе влезат во сериозна врска со вас. Ова се нарекува манипулација.
Не трошете време на нив и поштедете се од непотребни разговори, отварања,запознавања или приврзаности кон овој тип мажи.
извор: Курир.мк