Љубов и Секс

Начинот на кој флертуваме може да влијае на тоа дали врската ќе потрае

Начинот на кој флертуваме може да влијае на тоа дали врската ќе потрае

Една работа е исклучително важна …

Истражувачи од Универзитетот во Канзас прашале повеќе од 5.000 луѓе како го изразуваат својот интерес за спротивниот пол и дошле до неколку интересни резултати. Според оваа студија, оние кои користат разигран стил полн со физичко изразување на симпатија, најверојатно ќе завршат во кратка и незначителна врска. Од друга страна, луѓето кои се карактеризираат со љубезен, елегантен и фин флерт, најверојатно ќе можат да најдат сериозен партнер за долга врска.

Истражувачите издвоија пет различни видови на флертување – физичко, традиционално, љубезно, искрено и разиграно. Иако немаше голема разлика помеѓу мажите и жените во изборот на еден од овие стилови, се покажа дека жените сепак малку почесто се одлучуваат за таканаречениот „искрен“ стил, кој се заснова на создавање емотивна поврзаност.

Кој би помислил дека дури и зад флертувањето се крие цела наука! Но, кога тоа е случај, препорачуваме да вежбате софистицирано заведување, како замена за едноставно „ти нудам сè што сакаш“ флертување.

извор:попара.мк

To top