Д-р Стивен Снајдер им порача на мажите секојдневно да покажуваат љубов кон своите партнерки. Без разлика дали е додека нивната подобра половина е на работа или кога ќе легнат заедно
Овој сексуален терапевт верува дека ова ќе ја подобри вашата врска и ќе ги оживее страстите во спалната соба.
1. Кажете ѝ дека ја сакате додека е на работа
Многу жени се грижат дека нивните партнери не размислуваат доволно за нив. Значи, ако сте на работа и размислувате за тоа, не заборавајте да ја известите за тоа. Испратете ѝ нешто убаво како романтична порака или уште подобро, цвеќиња.
Кога ќе дојде дома немој само да ја бакнувате. Кажете ѝ дека ви недостасувала, вдишете го нејзиниот мирис, притиснете го нејзиното тело кон вашето, цврсто прегрнете ја, бакнете ја на челото и бидете прегрнати некое време. Оставете ја да почувствува колку многу ви недостасувала.
Сосема е во ред да уживате во такви заеднички моменти заедно, дури и ако не планирате да имате секс. Понекогаш е поважно од самиот секс, тврди лекарот.
2. Страст, а не техника
Во сексот и сите други работи што ги правите со вашиот партнер, страста е поважна од техниката. Ако имате секс со неа само за да се задоволите себе си, нема страст и љубов. И двајцата треба да бидете вклучени, страсно. Каде што има страст, тука има и оган. Врската со страста е вистинската врска. Ако никогаш не сте ја доживеале, првиот пат кога ќе го доживеете ќе почувствувате колку е силна и моќна врската, посочува Снајдер.
– Јас секогаш ги прашувам мажите: „Кога ќе ја допреш својата партнерка, дали го правиш тоа за твое задоволство или заради неа?’ Повеќето мажи велат: „За неа, секако! Зар не треба да го правам тоа?“ За жал, тоа да го направите едноставно од нејзино задоволство може да стане доста досадно по некое време. Што и да правите, проверете дали тоа ве возбудува. Треба да има страст во врската – вели Снајдер.
3. Оргазам како шлаг на крајот
Секако дека е убаво и задоволувачки да ѝ се пружи оргазам на жената. Но, во никој случај не ја присилувајте за време на сексот, бидејќи апсолутно нема да добиете ништо со тоа.
– Како сексуален терапевт им велам на луѓето дека патот до оргазмот е кога едноставно уживате во чувството на возбуда, се изгубите во тој момент. Тогаш оргазам едноставно се случува на крајот, како шлаг што го додаваме во тортата – вели експертот.
Кога ќе почнете да водите љубов, не размислувајте за тоа како ќе достигнете кулминација. Препуштете се и уживајте во моментот. Сè друго ќе дојде по своја волја.
4. Не размислувајте премногу, бидете свесни
– Често им велам на паровите да се согласат да легнат заедно, да се соблекуваат и да не прават апсолутно ништо. Повеќето од нас поминуваат толку многу време на размислување и работа, но ако најпрво поминете неколку минути заедно и не правите апсолутно ништо, вашиот ум има шанса да премине од размислување во нешто што ние го нарекуваме „свесност“ – вели Стивен.
Кога сте свесни за сè околу вас тогаш се случуваат добри работи. Патем, не грижете се за желбата. Доаѓа и оди, и не можете да го присилите.
Да бевте повеќе свесни, веројатно ќе бидете поподготвени за секс отколку во одреден момент кога не сте свесни за сè што се случува, но вашите мисли сè уште се „на работа“. Додека мислите лутаат и додека размислувате за работа, не можете да се опуштите, дури и ако започнете да водите љубов, „сè ќе падне во вода“ затоа што нема да можете да се фокусирате.
извор:попара.мк