Пејачката и ментор во „Ѕвездите на Гранд“, Мира Шкориќ, беше десет години во брак со познат хирург Васо Јеремиќ, со кого ја доби ќерката Милица.
Сепак, по десет години, двајцата решија да стават крај на бракот, а неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од венчавката на Мира и Васо.
Интересно е што Мира не беше бринета, туку русокоса. Многумина, во коментарите истакнуваат дека тешко дека би ја препознале.
View this post on Instagram
Инаку, ќерката на Мира, Милица, е студент во четврта година на Медицинскиот факултет, а средното училиште го заврши како ученик на генерацијата.
View this post on Instagram
“Милица не ги сака медиумите и јавниот живот, но таа ме поддржува во сè. Кога беше мала, можев да ја измамам заради фотографирање или одење во ТВ-емисија, но сега навистина не можам да влијаам на нејзините одлуки, таа самата ги прави. Со помош на моето семејство, успеав да ја усогласам работата со мајчинството “, рече еднаш Мира Шкориќ.