Порано или подоцна, паровите се заситуваат еден од друг, а доколку сексот веќе стане здодевен, тој може целосно да ја наруши хармоничната врска.
Сепак, ако за првпат се среќавате со некој од овие 3 проблеми, можеби неговото правовремено препознавање ќе ви помогне да го надминете.
Нечие либидо е посилно
Голем број мажи имаат помало либидо од своите подобри половини, но не сакаат да признаат, што доведува до тоа да не се чувствуваат доволно „мачо“ бидејќи не можат да ги следат своите партнерки.
Од друга страна, на жените понекогаш им е непријатно поради силното либидо, но не треба да им биде. За среќа, бројни истражувања покажуваат дека работите се менуваат на подобро.
Тој мисли дека добро прави сè
Некои работи едноставно не ви одговараат, колку и да се труди вашиот партнер. Но, тој не би ги правел истите доколку му објасните што сакате и што ве возбудува бидејќи за жал, не може да ги чита вашите мисли.
„Заглавени“ сте во рутина
Јасно е дека сексот подоцна во врската не може да биде ист како на почетокот. Проблемот е што многу парови на почетокот сакаат што побрзо да ги испробаат сите пози и движeња. Со текот на времето учат што го возбудува нивниот парнтер и се држат само до тоа, како рецепт кој доведува до сигурен оргазам. Започнете одново да испробувате нови работи бидејќи сигурно не сте испробале сè.
извор:точка.ком.мк