Љубов и Секс

Данците се најдобри љубовници на светот, еве зошто…

Данците се најдобри љубовници на светот, еве зошто…

Сексот им е приоритет. Се грижат за својот изглед. На базени организираат ноќи „за возрасни“. Знаете – романтика, свеќи, музика, згодни тела во костими за капење…

Веројатно не сте знаеле дека Данците имаат исклучително исполнет сексуален живот. Еве некои од причините за тоа – можеби можеме нешто и да научиме од нив.

Тие се прилично либерални – први на светот ги легализираа порно филмовите, се грижат за сексуалното вспитување. Покрај тоа, имаат програми за поддршка на хомосексуални парови и главно се водат од тоа дека во животот треба да правиме се` во што уживаме, се додека не повредуваме никого.

Сексот им е приоритет. Разни истражувања спроведени во оваа скандинавска земја покажале дека 90% од Данците на старост измеѓу 16 и 95 години сметаат дека сексот е исклучително важен.

Исто така, тие се грижат за својот изглед. Покрај тоа што убаво се облекуваат, речиси секаде одат со велосипед, па така имаат совшени тела. Голотијата на јавни места е вообичаена. Почнувајќи од јавни тушови, преку нудистички плажи, обекувањето или голотијата во Данска се работа на избор.

На базени организираат ноќи „за возрасни“. Знаете – романтика, свеќи, музика, згодни тела во костими за капење…

Многу „истражуваат“. ТВ канали кои прикажуваат порно филмови во оваа земја се целосно вообичаени, а една студија која ја спровеле YouGov, покажала дека Данците гледаат порно филмови повеќе од припадниците на било која друга нација. Во прилог на тоа колку сакаат да „истражуваат“ зборува и тоа што од 2008 година во Данска се одбележува Свингерска недела.

За сексот учат уште во училиште. Од шеста година, данските деца учат како се прават деца во текот на „Секс недела“ во училиштата. До 13 година, веќе научиле сешто за хомосексуалноста, правата на хомосексуалците, мастурбацијата, сексуално преносливите болести…

Имаат време да „вежбаат“. Данците имаат најкратко работно време – 34 часа неделно, што значи дека имаат 134 часа неделно слобода за да ја „повежбаат акцијата“.

извор:нетпрес.ком.мк

To top