Љубов и Секс

Четири секси потези кои ќе ја разбудат страста кај партнерот

Четири секси потези кои ќе ја разбудат страста кај партнерот

Проширете ги сексуалните видици и заведете го партнерот со нови секс потези кои повторно ќе ја разгорат страста во креветот.

Обидете се тоа да го постигнете со овие предлози:

Секси фотографии

Фотографирајте се голи, но немојте веднаш да ги испратите фотографиите на партнерот. Почекајте некоја елегантна вечера или друг таков момент кога испраќањето такви фотографии е непримерно. Откако ќе ја добие фотографијата, едвај ќе го чекате моментот да останете сами.

Разговор без допир

Обидете се со ова, гледајте го партнерот директно в очи, замолете го до детали да ви опише што би ви правел во кревет, но без да се допирате. Играте нека трае долго, сè додека не излудите од желба.

Двосмислена игра

Ако не сте сигурни дали вашиот партнер сака да се гали, во разговорот внесете двосмислени зборови кои потсетуваат или алудираат на секс.

Играјте игра

Зачинете го вообичаениот љубовен состанок преправајќи се дека сте некоја друга личност. На почетокот тој можеби ќе ви се смее кога ќе го прашате дали сака да ве вработи како секретарка, па да останувате подолго во канцеларија, но со текот на времето ќе ја прифати играта и крајот дефинитивно нема да ве разочара.

извор: кајгана

To top