Во кои знаци се родени најдобрите, а во кои знаци се родени најлошите љубовни партнери на Овенот според хороскопот?
Овен и Овен
Се привлекуваат според физичкиот изглед, па ако си одговараат еден со друг многу брзо ќе влезат во љубовна врска. Не чекаат многу време додека да имаат секс. Најдобро е да работат на различно работно место за да не се расправаат.
Овен и Бик
Оваа врска по кратко време станува здодевна. Бикот го смета Овенот за незрела личност, а Овенот го смета за мрзлива личност која чека сè да му падне од небото. Би се согласувале доколку жената е Бик, а мажот е Овен.
Овен и Близнаци
Тие имаат сосема различен карактер, но секаде одат заедно. Не се расправаат и нивната врска се темели на почит и љубов.
Овен и Рак
Врската на почетокот може да биде убава сè додека Ракот не почне да прави планови за иднината. Во овој однос недостасува разбирање и толеранција.
Овен и Лав
Совршено се согласуваат во спалната соба. Во исто време можат да се расправаат и да се бакнуваат, а тоа може да го прават и пред други луѓе. И двајцата се склони кон флерт и изневерување, па треба да внимаваат на ова.
Овен и Вага
Оваа љубовна врска најчесто резултира со брак. Се привлекуваат и им е убаво, но има ризик да го изгубат интересот еден за друг по некое време. Најдобра комбинација е кога мажот е Овен, а жената е Вага.
Овен и Стрелец
Доколку се заинтересирани само за секс, ова ќе им биде незаборавна авантура. Но доколку започнат врска, постојано ќе се натпреваруваат еден со друг. Сурово се искрени и не бираат зборови. Сепак на крајот остануваат пријатели.
извор: Кајгана