Додека некои жени најмногу се грижат за физичкиот изглед во текот на сексот, а мажите стравуваат за постигнување и одржување на ерекција, некои стравови се универзални и кај двата пола.
Одвоивме неколку такви секс ситуации:
1. Имате чуден израз на лицето во моментот на оргазам
Сите се загрижени за тоа како изгледаат во моментот на оргазам и какви звуци испуштаат, не сте единствени. Заборавете на порно филмовите и препуштете се на уживањето.
2. Пребрз оргазам
Координираното постигнување оргазам во ист момент кај две личности е ретка појава. Секој си има свој ритам кој е дополнително условен од хемијата со партнерот и неговата вештина. Понекогаш ви е страв дека ви треба многу време да постигнете оргазам? Не се вознемирувајте, тој ужива во секоја минута.
3. Како ви изгледа позадината од тој агол?
Повеќето жени чувствуваат одреден тип непријатност поврзана за телото или некој дел од телото. Кога станува збор за задницата, од неа не се имуни ни мажите кои се чувствуваат посебно изложени во пози во кои партнерката има пристап на задникот и анусот.
4. Потење на телото
Сексот поттикнува лачење на пот и тоа е нормална биолошка реакција. Но, покрај тоа, жените стравуваат дека мирисот и количината на пот ќе го одбијат партнерот од сексуално уживање. Имајте на ум дека редовните хигиенски навики би требало да ги отстранат сите реални грижи околу вашата природна арома.
извор: кајгана