Поминаа два месеци откако ТВ водотелката Александра Илиевска се оствари во улогата на мајка за првпат.
Таа на свет во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје донесе здраво и живо женско бебе кое го носи името Сара.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kako-vo-bajka-poglednete-ja-detskata-soba-na-novorodencheto-na-voditelkata-aleksandra-ilievska-foto/
За мама Александра и тато Александар, малата наследничка е центарот на нивниот универзум за која би направиле се’. Особено мајките се посебно чувствителни во постпородилниот период, а новопечената мама која во една прилика изјави дека нејзиниот сон станал јаве, сака за бебенцето да биде од убаво поубаво.
View this post on Instagram
Александра на Инстаграм често споделува детали од првите прошетки со Сара, детската соба и уредувањто, а овој пат покажа еден неодолив детаљ- бебешкото креветче.
View this post on Instagram
Периодов во тренд се сите оние колоритни перничиња и плетенки за бебешките креветчиња, а во она на Сара доминира жолта, сива и бела боја.
Инаку, познатата водителка се уште не се одлучила да и ја претстави наследничката на јавноста, а објавите каде ја има на фотографија се со покриено лиценце.