Некои луѓе тешко остваруваат сериозна врска и повеќе сакаат слобода отколку обврски. Астролозите тврдат дека на тоа влијае и хороскопскиот знак, а за овие знаци велат дека најтешко им оди да остварат сериозна и долготрајна врска.
1. Овен
Овните преферираат поотворени врски, тие се премногу пребирливи и бараат некој со исти интереси како нив.
Им треба долго време да се одлучат дали целосно некому ќе му се предадат или не.
2. Близнаци
Тие сакаат да го истражуваат светот и да се дружат со различни луѓе. Не сакаат целиот живот да бидат само со една личност, а тоа им создава проблеми во врската.
3. Лав
Лавовите се доминантни и отворени луѓе, способни да ги отстранат чувствата за да си се посветат себеси. Тешко ќе се изборат за некого и тешко дека ќе се посветат само на една личност.
4. Девица
Девиците се неодлучни и пребирливи, не можат да замислат сценарио во кое животот би го минале само со една личност. Не е лесно да ги задоволите, па затоа често се мачат во врските.
5. Стрелец
Тие се авантуристички настроени, живеат слободно и сакаат да го истражуваат светот. За нив идејата да се биде само со една личност ги ограничува, па тешко им е да замислат таков живот.
извор кајгана