Младата пејачка Благица Ѕунѕуровска пред неколку изданија на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ собра доста комплименти на сметка на пеењето и изгледот.
На симпатичната и слатка Благица и кажаа дека има брутален талент и дека опасно пее, иако не ги освои сите гласови од жирито поради тоа што нејзиното појавување на сцената беше изненадно.
View this post on Instagram
Таа немала време да се подготви, бидејќи Саша Поповиќ и се јавил два дена пред учество. Сепак, Благица која ја познаваме како победничка на „Некои нови клинци“, се претстави одлично и заслужено помина во следниот круг.
Она со што ќе изненади Ѕунѕуровска во следниот круг кој треба наскоро да го гледаме од шоуто, е нејзиниот изглед.
View this post on Instagram
Таа од мало слатко девојче, ќе се претвори во атрактивна млада дама со впечатливо деколте и нова посветла долга руса коса.
View this post on Instagram
Таа за ваквата промена се пофали на својот Интаграм профил, а тоа дека и овој пат ќе го освои жирито и со глас и со појава, не се сомневаме.