Секој има различен поглед на љубовта и врските, а каков е вашиот, можете да дознаете на овој тест за личност.
Сè што треба да направите е да изберете една карта. Онаа која ќе го привлече вашето внимание зборува за начинот на кој ја доживувате љубовта и за тоа како се однесувате во врска, пишува „Атма“.
1. Интензивна убов
За вас љубовта е најмоќната сила и безусловно верувате во неа. Кога ќе се вљубите, целосно ќе ѝ се посветите на таа личност или врска. Сепак, ваквото однесување може да биде ризично и лесно можете да завршите со скршено срце.
Сепак, толку многу верувате во љубов што кога ќе најдете нов партнер, се однесувате на ист или сличен начин. Тоа не е лошо и не сте наивни затоа што за вистинската љубов вреди да се ризикува.
2. Вљубени
Вие сте за вљубени во идејата за љубов и тешко ви е да се за вљубите во друга личност. Живеете во „идеален свет“, па вашиот партнер може лесно да ве разочара затоа што не се вклопува во вашата идеја за љубов.
Може да се случи да ја пронајдете вистинската личност и да ја изгубите затоа што имате погрешно мислење за љубовта. Запомнете, љубовта е често едноставна, а не сензационална.
3. Рационална љубов
Вие сте спротивност на бројот два. Вие сте рационални во љубовта и ако ја пронајдете вистинската личност, работите на тоа да ја направите врската сериозна.
Страстите се важни за вас, но не се неопходни. Вие се фокусирате на здрава врска која се движи кон подобра иднина со свое темпо. Кога ќе го пронајдете вистинскиот, нема да го пуштите и ќе се обидете да направите врската да успее.
4. Нестабилна љубов
Вие сте многу страствени, но вашите односи честопати се кратки. Кога ќе се појави проблем помеѓу вас и вашиот партнер, брзо се „ладите“.
Треба да пронајдете некој што се спротивставува на вашата страст и кој носи поголема рамнотежа во врската. На тој начин, конечно ќе можете да имате сериозна и долготрајна врска.
извор: Локално.мк