Љубов и Секс

Избегнувајте ги овие 3 работи ако се забавувате со интровертна личност

Избегнувајте ги овие 3 работи ако се забавувате со интровертна личност

Ако ви се допаѓа интровертна личност, првата препрека за ваше подобро запознавање е нејзината срамежливост. Од таа причина, треба да имате повеќе разбирање од обично во случај вашата симпатија да се срами прва да ви се јави, да ви испрати порака или да започне разговор.

Ако сепак сте успеале да започнете врска со интровертна личност, потрудете се никогаш да не ги правите овие три работи кога сте заедно.

Бидете трпеливи и не очекувајте веднаш да ви се „отвори“

На некои луѓе едноставно им е потребно повеќе време да се опуштат со својот партнер и да почнат да му веруваат. Интровертните се повнимателни од другите кога се работи за откривање на своите чувства. Знаеме дека е фрустрирачки кога не можете да откриете колку му се допаѓате на другиот, но ве советуваме да бидете трпеливи и не го осудувајте партнерот што не е како вас, особено ако ви е многу грижа за него.

Не инсистирајте на ноќни излегувања и други собири со друштво

Ако на вашиот партнер не му е пријатно во опкружување со многу луѓе и не сака секој викенд да го поминува со вашето друштво, не инсистирајте на тоа. Тоа не значи дека тој не ги сака вашите пријатели, туку дека седењето со било каква поголема група на луѓе понекогаш тешко му паѓа. На интровертните лица им треба повеќе време за себе од другите, поради што не е лоша идеја некогаш да излезете сами.

Потрудете се љубовните состаноци да не ви се оддолжуваат

Сите кои се во врска со интровертна личност знаат дека тие после неколку часа заедничко поминато време стануваат нервозни. Во случај да сте имале вакво искуство со партнерот, немојте веднаш да претпоставите дека сте му здодевни. Тој веројатно би се чувствувал исто и после неколку часа поминати на најинтересното место на светот.

извор:точка.ком.мк

To top