Љубов и Секс

7 клучни навики на паровите кои имаат одличен сексуален живот – ги поседувате ли вие?

7 клучни навики на паровите кои имаат одличен сексуален живот – ги поседувате ли вие?

Како можете да ја „разгорите“ страста во долгите врски и да го подобрите вашиот сексуален живот?

Тоа многу добро го знае Џон Готман – познатиот американски психолог, терапевт и истражувач кој цела своја кариера ја посветил на анализирањето на љубовните односи, со нагласување на бракот и разводот.

Готман се развел двапати, а сега дури 30 години е во брак со својата трета сопруга, психолог и своја соработничка – Џулија Готман.

Во интервју за „Psychology Today“, парот открил што всушност е потребно за долговечен и добар сексуален живот.

„Што ќе ги одржи романсата и страста во животот?“.

Врз основа на истражување кое што било спроведено на 70.000 парови од 24 земји, било откриено дека секојдневните навики кои луѓето ги имаат во својот сексуален живот и прашањата се навистина едноставни работи.

1. Секој ден кажувајте си дека се сакате, но навистина мислете го тоа.

2. Страсно бакнувајте се без причина.

3. Давајте си комплименти еден на друг.

4. Излегувајте на заеднички состаноци.

5. Галете се.

6. Искажувајте нежност во јавност.

7. Отворено разговарајте за вашиот сексуален живот.

Џулија напоменала дека треба да се игнорира еден од најголемите митови за сексот.

„Луѓето мислат дека сексот мора да изгледа совршено. Холивудски. Околу вас мора да има „огномет“ додека на небото треба да светат ѕвездите. Тоа не е реално. Сексот мора да биде тоа што вие сакате да биде“, заклучила таа.

извор:точка.ком.мк

To top