Пејачот Маријан Стојаноски во јули претходната година стана татко на женско бебе и за првпат се резлизираа како родители со неговата сопруга Наташа Каранџулоска.
Парот доби ќеркичка за која го одбраа името Вероника.
Maријан не е премногу активен на социјалните мрежи, па нон стоп да објавува каде е и што прави.
Сепак, кога ја побара Наташа за сопруга и кога стана татко за првпат, овие радосни вести ги обзнани на својот „Фејсбук“.
Деновиве, македонскиот пејач ја покажа и својата нежна страна. Имено, неговата сопруга славеше роденден, а тој и приреди мало изненадување.
Имено, тој објави видео на кое и ја пее неговата песна „Роденден“ додека неговата сопруга игра со наследничката.
„Среќен роденден моја најмила“, напиша Стојаноски.
Тој исто така објави и неколку фотографии на кои тој и сопругата заедно со ќерката позираат, па покажа колку пораснала неговата наследничка.
Среќен роденден!